• четврток, 26 декември 2024

Приведен виничанец осомничен за полов напад врз малолетно лице

Приведен виничанец осомничен за полов напад врз малолетно лице
Скопје, 1 јануари 2020 (МИА) - Полициски службеници вчера во Виница го лишиле од слобода 66-годишниот виничанец Л.И. поради постоење основи на сомнение дека сторил полов напад врз малолетно лице. -Вчера во 15:40 часот на ул.„Димитар Осоговски“ во Виница полициски службеници го лишиле од слобода Л.И.(66) од Виница, постапувајќи по претходна пријава за постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „полов напад врз малолетно лице кое не наполнило 14 години“, соопшти МВР. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од Полициска станица Виница. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. дма/бак/

Остани поврзан