• четврток, 26 декември 2024

Приведен велешанец во Охрид за поседување марихуана

Приведен велешанец во Охрид за поседување марихуана

Скопје, 18 август 2023 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, вчера го привеле лицето Т.А.(28) од Велес, со привремен престој во Охрид.

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Обвинетиот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сан/нд/

 

Остани поврзан