• среда, 25 декември 2024

Приведен битолчанец за издржување казна затвор од две години 

Приведен битолчанец за издржување казна затвор од две години 
Скопје, 27 април 2022 (МИА) - Во скопско Волково синоќа во 21:10 часот  полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(37) од Битола, со живеалиште во Скопје. Како што соопштија денеска од МВР, тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната. цр/дма/

Остани поврзан