• четврток, 26 декември 2024

Приведен бегалец од затвор, ќе биде спроведен на доиздржување на казната

Приведен бегалец од затвор, ќе биде спроведен на доиздржување на казната

Скопје, 29 мај 2023 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Одделение за потраги денеска во Скопје го лишија од слобода И.М.(48) од Струмица.

Како што соопшти МВР, И.М. бил баран со меѓународна потерница поради бегство од затвор за доиздржување на казна затвор во траење од една година, четири месеци и 15 дена. Тој бил приведен во рамки на оперативната акција „Жетва“.

И.М. бил осуден поради сторено кривично дело по член 247, став 4, во врска со став 1, а во врска со член 45 од Кривичниот законик.

И.М. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа за доиздржување на казната, се вели во соопштението од МВР. мд/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан