• среда, 25 декември 2024

Приведен бегалец од затвор баран со потерница

Приведен бегалец од затвор баран со потерница

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје и од Полициската станица Драчево синоќа во 22 часот на улица „Антон Попов“ го лишиле од слобода Љ.С.(48) од Куманово.

Како што соопшти МВР, Љ.С. бил баран по две централни потерници, врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“ за доиздржување 10 месеци затворска казна. 

Тој бил осуден на две години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 206 од Кривичниот законик и врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување на казната затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан