• среда, 25 декември 2024

Приведен бегалец од затвор, баран со потерница за доиздржување на над четири години затворска казна

Приведен бегалец од затвор, баран со потерница за доиздржување на над четири години затворска казна

Скопје, 9 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода С.Б. (30) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР, а по наредба од КПУ Идризово поради бегство од затворот.

Како што информираат од МВР, С.Б. е осуден на казна затвор од седум години и шест месеци поради сторено кривично дело по член 215 ст. 1 од КЗ, а за доиздржување има четири години, три месеци и 12 дена. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан