Приведен албански државјанин, агресивно се однесувале кон полициски службеници
- При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „голф“ со албански национални ознаки што тој го управувал и констатирале дека ја надминал дозволената брзина на движење. Притоа, Р.Л. бил агресивен кон полициските службеници и ги одбивал нивните насоки
Дебар, 22 февруари 2026 (МИА) - Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи привеле албански државјанин, кој возел над дозволената брзина и насилно се однесувале кон нив.
Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид, вчера околу 12:40 часот, кај месноста „Банишка раскрсница“ во близина на Дебар, на патот кој води кон граничниот премин „Блато“,приведен е албанскиот државјанин Р.Л.(25).
-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „голф“ со албански национални ознаки што тој го управувал и констатирале дека ја надминал дозволената брзина на движење. Притоа, Р.Л. бил агресивен кон полициските службеници и ги одбивал нивните насоки, информираше Димоски.
Додаде дека против Р.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава. вт/вј/
Фото: МИА архива