• среда, 18 декември 2024

Приведено уште едно лице од инцидентот кај плоштадот Скендер бег

Приведено уште едно лице од инцидентот кај плоштадот Скендер бег
Скопје, 15 јули 2022 (МИА) - Од страна на Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни деликти при СВР Скопје приведен е Р.А. (29) од Скопје, осомничен дека на 6 јули годинава околу 19:30 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје поточно на плоштадот Скендербег, испукал со пиштол. Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, соопштија денеска од МВР, извршен е претрес во неговиот дом, пиштолот е одземен, а во координација со јавен обвинител против Р.А. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност" предвидено и казниво по чл.288 од Кривичниот законик. Денеска лицето е изведено пред Судија на претходна постапка. цр/бак/

Остани поврзан