• сабота, 23 ноември 2024

Приведено лице, претрес во Скопје, пронајдена пушка и муниција

Приведено лице, претрес во Скопје, пронајдена пушка и муниција

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера во 16.20 часот го лишиле од слобода А.Д.(51) од Скопје, соопштија денеска од МВР.

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, се додава, биле пронајдени и одземени една пушка, една рамка за пиштол, 41 куршум и ловен патрон.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан