• сабота, 23 ноември 2024

Приведено лице, поднесена кривична пријава за „убиство”

Приведено лице, поднесена кривична пријава за „убиство”

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Во Скопје денеска полициски службеници од СВР Скопје, го лишиле од слобода А.Р. (29) од село Арачиново во врска со кривично правен настан случен на 14.10.2024 на територија на Чаир, каде што од огнено оружје бил повреден Е.А. (35) од Скопје.

МВР соопшти дека по преземени мерки и активности и изготвените вештачења од страна на Одделот за форензички испитувања при МВР, утврдено е дека сторител е А.Р. и од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје денеска (24.10.2024) поднесена е кривична пријава по брза постапка против А.Р. за кривично дело „убиство”, предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 од КЗ на РСМ. цр/нд/

Фото: МИА архива

Видео: МВР

Остани поврзан