• понеделник, 29 јули 2024

Приведено лице од Струмичко, пронајдени 297 штеки разновидни цигари

Приведено лице од Струмичко, пронајдени 297 штеки разновидни цигари

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) - Приведен 53-годишен струмичанец кај кого полицијата вчера пронашла 297 штеки разновидни цигари.

МВР информира дека вчера, во 01.50 часот, во Струмица, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(53) од село Иловица, струмичко. При преглед на патничко возило „пежо“, кое го управувал биле пронајдени и одземени 297 штеки разновидни цигари.

-Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од полицијата. ир/цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан