• вторник, 19 ноември 2024

Приведено лице од скопско по распишана централна потерница

Приведено лице од скопско по распишана централна потерница
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) -  Полициски службеници од Отсекот за потрага по цел - Одделение за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка, во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска околу 13:30 часот во скопското село Сингелиќ го лишиле од слобода Ф.Р.(45) од Сингелиќ. Како што инфомираат од МВР, за него била распишана централна потерница од Основен кривичен суд Скопје поради сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво" казниво по чл.237 во врска со чл.19 и кривично дело „грабнување" казниво по чл.141 во врска со чл.19 од Кривичниот законик Претходно, кај клучка Арачиново, тој со своето возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки не застанал на даден знак од полициски службеници и се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода.
Тој бил предаден во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. дма/

Остани поврзан