• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведено лице од ресенско, пронајдени бесправно исечени дрва

Приведено лице од ресенско, пронајдени бесправно исечени дрва

Скопје, 1 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола - ОВР Ресен, денеска во ресенското село Сурленци го привеле М.Т. (47) бидејќи кај него биле пронајдени бесправно исечени дрва.

Како што информираат од МВР, при тоа биле пронајдени и одземени околу 11 м3 огревни дрва, кои се предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. дма/

Фото:МВР

Остани поврзан