• вторник, 24 декември 2024

Приведено лице од липковско, превезувал огревно дрво без соодветна документација

Приведено лице од липковско, превезувал огревно дрво без соодветна документација

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) -  Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки на патниот правец Скопје – Куманово, кај наплатна станица Романовце вчера  го лишиле од слобода Ј.С.(26) од село Гошинце, општина Липково.

Како што известуваат од МВР, во товарно возило „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина буково огревно дрво за кое не поседувал соодветна документација. Притоа, од извршениот увид во приложените документи биле констатирано дека бројот во сообраќајната дозвола не се совпаѓа со бројот на возилото, поради што постои основано сомнение дека употребил фалсификуван документ.

Лицето е приведено, а пронајдените дрва се предадени на Шумска полиција Куманово. љм/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан