• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведено лице од Крушевско за предизвикување пожар

Приведено лице од Крушевско за предизвикување пожар

Скопје, 10 март 2025 (МИА) -Полициски службеници од ОВР Крушево на вчера во 14.15 часот во атар на с.Алданци, Крушевско, го лишиле од слобода А.И.(38) од с.Норово, Крушевско, поради основано сомнение за извршено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека во село Алданци, кај  место викано „Кобел”, предизвикал пожар на сува трева и стрниште, по што била зафатена нискостеблеста дабова шума на поголема површина.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од МВР. вг/са/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан