• четврток, 26 декември 2024

Приведено лице од Кочани за незаконит лов

Приведено лице од Кочани за незаконит лов
Скопје, 14 јануари 2022 (МИА) - Полицијата вчера го лишила од слобода Ј.П. (58) од Кочани, бидејќи во место Потоците, атар на кочанско Оризари, бил затекнат како врши незаконит лов со ловечка пушка „Цифсан ЦСП 555“ калибар 12 ГА, соопшти МВР. - Од страна на полициски службеници биле одземени ловечката пушка со ремник, испукан ловен патрон калибар 12 ГА, ловна муниција 34 броја калибар 12 ГА. По целосно документирање на случајот против Ј.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи. хс/сп/

Остани поврзан