• среда, 25 декември 2024

Приведено лице од Косово поради криумчарење

Приведено лице од Косово поради криумчарење

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - Кај кратовското село Страцин синоќа во 23.40 часот по претходно добиени сознанија дека врши криумчарење и по преземени мерки, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Косово, соопштија денеска од МВР.

При контрола во возилото „фолксваген пасат“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена поголема количина на разновидна акцизна стока за која не поседувал никаква документација, а ниту пак платил царински давачки.

- Стоката и возилото биле одземени и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР. цр/дма/

Фото: МВР
 

Остани поврзан