• вторник, 24 декември 2024

Приведено лице кое насилно одзело пари од казино во Гази Баба

Приведено лице кое насилно одзело пари од казино во Гази Баба

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Полицијата рано изутрината го привела Б.Д. (29) од Арачиново, кој околу 5:30 часот со употреба на сила одзел пари од каса од вработен во казино во скопска Гази Баба.

- На 24.10.2024 во 05.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(29) од с.Арачиново, скопско. Тој се сомничи дека денеска околу 05.30 часот во казино во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, со употреба на сила над вработениот, одзел пари од касата. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР. ев/са/

ФОТО: МИА Архива

Остани поврзан