• недела, 24 ноември 2024

Приведено лице за „тешка кражба“ во продавница во Драчево

Приведено лице за „тешка кражба“ во продавница во Драчево

Скопје, 20 јули 2024 (МИА) – Полициски службеници од Полициската станица Драчево лишиле од слобода едно лице поради сомнение дека во продажен објект на подрачјето на Драчево во Скопје, со употреба на сила одзел производи од вработената.

Како што соопштуваат од МВР, тој бил фатен веднаш по извршување на делото, по што одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

– На 19.07.2024 во 12.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Д.Р.(31) од Скопје поради сомнение дека извршил кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик. Тој бил фатен веднаш по извршување на делото во продажен објект на подрачјето на Драчево во Скопје, од каде со употреба на сила од вработената одзел производи. Откако бил приведен во полициска станица агресивно се однесувал и упатил закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. ра/бак/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан