• четврток, 26 декември 2024

Приведено лице барано со централна потерница за издржување затворска казна

Приведено лице барано со централна потерница за издржување затворска казна
Скопје, 19 април 2022 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба – Потраги вчера во 15:50 часот во скопското село Идризово го лишиле од слобода  Х.М.(32) од Идризово. Како што информира МВР, тој бил баран по централна потерница од Основен суд Скопје за издржување казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ казниво по чл.236 ст.1 т.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната. вј/лв/

Остани поврзан