• четврток, 26 декември 2024

Приведено лицето што фрли молотов коктел кон Собранието на протестите против францускиот предлог

Приведено лицето што фрли молотов коктел кон Собранието на протестите против францускиот предлог
Скопје, 7 јули 2022 (МИА) - Полицијата во текот на вчерашниот ден го лиши од слобода лицето кое на 5 јули за време на протестот против францускиот предлог фрли молотов коктел кон зградата на Собранието. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за Ј.С. (18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и го призна делото. По документирање на случајот и против него ќе следува соодветна пријава. ки/сп/

Остани поврзан