• сабота, 23 ноември 2024

Приведено едно лице од Конче за шест тешки кражби

Приведено едно лице од Конче за шест тешки кражби

Скопје, 19 јануари 2024 (МИА) - Полициски службеници вчера уапсиле лице од село Габревци баран за шест кривични дела „тешка кражба“.

- Вчера во Штип, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Штип го лишиле од слобода И.А. (31) од село Габревци, општина Конче, кој бил баран од Одделението за внатрешни работи Радовиш поради сомнение дека е сторител на повеќе кривични дела на подрачје на Радовиш. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во село Габревци, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, со него бил извршен службен разговор, при што признал дека во реонот на браната „Мантово“, општина Конче, извршил шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“, пријавени во периодот од октомври 2023 до јануари 2024 година.

Од МВР соопштија дека лицето е задржано во просториите на Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното обвинителство Радовиш. Посочуваат дека против него се поднесени соодветни пријави по член 236 и член 235 од Кривичниот законик. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан