• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведено едно лице во Гостивар, се сомнични дека одзел 7.000 евра

Приведено едно лице во Гостивар, се сомнични дека одзел 7.000 евра

Скопје, 21 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Гостивар синоќа во 23:15 часот во Гостивар го лишиле од слобода С.Т.(54) од Кавадарци, со живеалиште во Гостивар.

Како што соопшти МВР, С.Т. се сомничи дека во периодот од 12:00 до 13:00 часот во помошна просторија од куќа на Р.Н.(71) од Гостивар извршил кражба, при што одзел околу 7.000 евра во разни апоени.  Кај него биле пронајдени и одземени дел од парите.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. мд/са/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан