• среда, 25 декември 2024

Приведен крадец баран со централна потерница

Приведен крадец баран со централна потерница
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Во Скопје на бул.„Александар Македонски“ вчера во 17:30 часот полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(20) од Скопје. Тој бил баран со централна потерница по наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“. Како што информираа од МВР, лицето било спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната. цр/бак/

Остани поврзан