• недела, 24 ноември 2024

Приведени 12 лица и пронајдена дрога во угостителски објекти во општина Центар

Приведени 12 лица и пронајдена дрога во угостителски објекти во општина Центар
Скопје, 8 октомври 20202 (МИА) - Во акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на општина Центар се приведени 12 лица и е пронајдена дрога од страна на полициски службеници од единиците за недозволена трговија со дрога и за интервентна полиција при СВР Скопје, како и Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција при Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар. При контролата лишени од слобода биле Ф.С.(21), Б.Л.(22) двајцата од Скопје и Д.Ч.(43) од Р.Турција, затоа што кај нив била пронајдена марихуана, Ѓ.Н.(41), Н.Г.(32), Д.С.(27), П.К.(24), Х.В.(38), А.К.(37) и Д.С.(23), сите од Скопје и И.Г.(42) од Битола, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин и Т.Т.(25) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и амфетамин, соопшти Министерството за внатрешни работи. По документирање на случајот против приведените ќе биде поднесена соодветна пријава. лв/

Остани поврзан