• петок, 27 декември 2024

Приведени 12 лица во акциска контрола по угостителски објекти на подрачјето на СВР Тетово

Приведени 12 лица во акциска контрола по угостителски објекти на подрачјето на СВР Тетово
Скопје, 25 октомври 2022 (МИА) - Полициски службеници на МВР во содејство со полициски службеници на СВР Тетово и Државен инспекторат по труд вчеравечер во периодот од 23.35 часот до 01.20 часот, во Тетовско и Гостиварско спровеле акциска контрола во угостителски објекти, при што се приведени 12 лица. Во тетовско Жеровјане, во угостителски објект сопственост на Х.А.(33) од тетовско Боговиње, информираа денеска од МВР, при контролата, од слобода бил лишен Г.Б.(52) од Хрватска, затоа што кај него бил пронајден кокаин, а затекнати и поради нелегално вработување приведени се и П.О.(20) од Украина и Ј.Ѓ.(29) од Србија. Трите лица задржани се во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот. - Полициски службеници на МВР, СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар и Државен инспекторат по труд, вчера исто така, спровеле акциска контрола и во Гостивар и околу 11.00 часот, поради злоупотреба на туристичкиот престој, приведени се Џ.А.(39), Ш.У.(43), В.У.(46), С.Д.(46), сите од Република Турција, Р.К.(54), Г.Б.(56) и А.Ј.(41), сите од Република Албанија и М.Р.(55) од Република Србија, соопштија од МВР. Покрај овие лица, поради попречување на полициски службеници во извршување на службени дејствија, во 12.00 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар e приведен Ј.З. од гостиварско Чегране. Сите се задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка и по расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. цр/дма/

Остани поврзан