Приведени 10 дрвокрадци во голема полициска акција на скопска Црна Гора, запленети 400 кубици бесправно исечено огревно дрво
- На место викано Рамно на планината Скопска Црна Гора, на 19.09. и 20.09.2023 година во заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција, Единицата за брзо распоредување при Одделот за специјални полициски операции, СВР Скопје, Шумска полиција и Јавното претпријатие „Национални шуми“, од слобода биле лишени С.А.(28), Р.А.(22), Џ.А.(24), Е.А.(37), Б.С.(39), Д.А.(51), Ќ.А.(53), С.А.(47), Џ.С.(34), сите од село Брест и Б.М.(27) од скопското село Арачиново.
Скопје, 21 септември 2023 (МИА) - На место викано Рамно на планината Скопска Црна Гора, на 19.09. и 20.09.2023 година во заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција, Единицата за брзо распоредување при Одделот за специјални полициски операции, СВР Скопје, Шумска полиција и Јавното претпријатие „Национални шуми“, од слобода биле лишени С.А.(28), Р.А.(22), Џ.А.(24), Е.А.(37), Б.С.(39), Д.А.(51), Ќ.А.(53), С.А.(47), Џ.С.(34), сите од село Брест и Б.М.(27) од скопското село Арачиново.
Лицата биле затекнати на местото при бесправна сеча на дрва и притоа биле пронајдени околу 400 кубни метри исечено огревно дрво.
- На местото биле пронајдени четири товарни возила натоварени со огревно дрво, едно патничко возило, три моторни пили и други предмети кои биле користени за сеча на дрвата. Возилата, дрвата и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор, соопштија денеска од МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик. цр/дма/
Фото и видео:МВР