• недела, 01 септември 2024

Приведени четворица од шестмината Палестинци кои избегаа од израелски затвор

Приведени четворица од шестмината Палестинци кои избегаа од израелски затвор
Тел Авив, 11 септември 2021 (МИА) -  Уште двајца палестински затвореници кои избегаа од затворот Гилбоа во северен Израел беа фатени денеска, меѓу кои и милитантниот командант Закарија Зубеиди, објавија израелските медиуми. Тој беше фатен во Мухамед ал-Арида, а инаку е помлад брат на наводниот организатор на бегството преку тунел ископан под ќелија во затворот, за кој се верува дека е добро обезбеден. Четворица затвореници сега се повторно во израелско заробеништво, а потрагата по преостанатите двајца продолжува. Се верува дека еден е во северниот дел на Западен брег. Сите бегалци, освен Зубеиди, се членови на Исламскиот џихад, а четворица се осудени на доживотен затвор за вмешаност во смртоносни напади врз Израелци. ссм/

Остани поврзан