• сабота, 27 јули 2024

Приведени тројца малолетници од Скопје за извршено разбојништво во Градски парк

Приведени тројца малолетници од Скопје за извршено  разбојништво во Градски парк

Скопје, 10 ноември 2023 (МИА) - Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ноќеска 20 минути по полноќ на подрачјето на Бит-пазар лишила од слобода тројца малолетници од Скопје кои извршиле разбојништво.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, тие вчера околу 23.15 часот во Градскиот парк во Скопје  од две лица одзеле пари заканувајќи им се со остар предмет.

-Со нив бил извршен разговор во присуство на нивните родители, а кај едно од лицата биле пронајдени дел од одземените пари, наведува МВР.

По целосно документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Центар и Бит-пазар ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“. хс/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан