• понеделник, 29 јули 2024

Приведени три лица осомничени за предизвикување на пожарот над скопско Страхојадица

Приведени три лица осомничени за предизвикување на пожарот над скопско Страхојадица
Скопје, 7 август 2021 (МИА) - Полицијата од СВР Скопје, денеска лишила од слобода три лица поради основано сомнение дека го предизвикале пожарот за кој утрово во 05:28 часот било пријавено дека настанал над село Страхојадица, скопско, при што била опожарена сува трева и нискостеблеста шума. Како што информираат од Министерството за внатрешни рабти, полициските службеници на местото од каде започнал пожарот затекнале две возила и лица кои се обиделе да избегаат, но, биле фатени, а во непосредна близина на возилата биле пронајдени остатоци од стопени кабли. Од МВР велат дека лицата се приведени и се работи на расчистување на случајот, а пожарот бил локализиран од полициските службеници. ар/вј/

Остани поврзан