• недела, 28 јули 2024

Приведени три лица од Скопје за поседување дрога

Приведени три лица од Скопје за поседување дрога
Скопје, 31 јули 2021 (МИА) – Полициски службеници од Гостивар, во текот на вчерашниот ден ги лишиле од слобода М.Л.(20), Х.Н.(18) и О.М.(21), сите од Скопје. При претрес во патничкото возило „Фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки пронајдени се и одземени амфетамин, марихуана и дигитална вага со остатоци од амфетамин, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР соопштија дека лицата се приведени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. ки/ац/

Остани поврзан