• среда, 18 декември 2024

Приведени три лица од Пласница, превезувале огревни дрва без документација

Приведени три лица од Пласница, превезувале огревни дрва без документација

Скопје, 23 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Македонски Брод синоќа околу 21 часот ги лишиле од слобода М.Б., М.Р и Џ.Џ., на возраст од 34, 41 и 64 години, сите од село Пласница.

- Тие биле затекнати како со возило „фолксваген венто“ превезуваат огревни дрва без документација, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе следува соодветна пријава. бд/ир

Фото: МИА архива

Остани поврзан