• петок, 21 март 2025

Приведени три лица за кражби во куќи во Прилеп

Приведени три лица за кражби во куќи во Прилеп

Скопје, 19 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во Прилеп ги лишиле од слобода Е.В.(27), Е.В.(47) и Г.Г.(30), сите од Прилеп.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при претреси во нивните домови, извршени со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени накит и други предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“, извршени во куќи во Прилеп.

-Предметите биле вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР. хс/са/

Фото: МИА архива  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан