• среда, 13 ноември 2024

Приведени се извршителите на синоќешниот напад во близина на Москва, изјави Путин

Приведени се извршителите на синоќешниот напад во близина на Москва, изјави Путин

Москва, 23 март 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин синоќешниот напад во концертна сала во близина на Москва го нарече „крвав и варварски чин“ во кој загинаа 143 луѓе.

Во телевизиско обраќање тој рече дека сите напаѓачи се приведени и додаде дека се обиделе да побегнат во Украина. Путин истакна дека терористите ќе се соочат со одмазда.

Тој им изрази сочувство на блиските на жртвите и го прогласи утрешниот ден, 24 март, за ден на национална жалост.

Терористичката група Исламска држава (ИСИС) во кратка изјава објавена на Телеграм од новинската агенција Амак (поврзана со ИСИС), ја презеде одговорноста за нападот во Moсква.

Извор од американското разузнавање подоцна потврди дека исламистичката група е одговорна за нападот. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан