• недела, 24 ноември 2024

Приведени разбојници на подрачјето на Бит Пазар

Приведени разбојници на подрачјето на Бит Пазар
Скопје, 2 октомври 2022 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера околу 18:00 часот ги лишија од слобода се Е.Д. (23) и Џ.И. (22), женско лице, двајцата од Скопје, затоа што во 15:56 часот во СВР Скопје Р.Б.(26) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар, кај МТВ, му одзеле пари и му нанеле повреда со остар предмет. Како што информира МВР, по извршениот претрес кај пријавените е пронајден нож и пари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. вј/сп/

Остани поврзан