• петок, 27 декември 2024

Приведени насилници, го признале делото, определен им е домашен притвор

Приведени насилници, го признале делото, определен им е домашен притвор

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје по преземени мерки и активности, на 25 септември ги лишиле од слобода Ф.В.(25) и А.Ф.(33), двајцата од Скопје.

Од МВР денеска соопштија дека тие се сомничат дека на 20.09.2023 во продажен објект кај арената „Тоше Проески“ физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје.

- Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка домашен притвор, соопштија од МВР. цр/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан