• четврток, 26 декември 2024

Приведени малолетен кавадарчанец и лице од неготинско село поради семејно насилство

Приведени малолетен кавадарчанец и лице од неготинско село поради семејно насилство

Скопје, 5 декември 2023 (МИА) - Малолетен кавадарчанец и лице од неготинско село во текот на вчерашниот ден биле приведени поради семејно насилство, информираат од СВР Велес.

- Полициски службеници од ОВР Кавадарци во 20:30 часот лишиле од слобода малолетник, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 34-годишна мајка. За настанот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци. Малолетникот бил предаден на Центарот за социјални работи и по документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, појаснуваат од СВР Велес.

Претходно, во 11:20 часот, полициски службеници од ОВР-Неготино го лишиле од слобода З.Н., на возраст од 39 години, од неготинско село, затоа што физички го нападнал неговиот 49-годишен брат. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан