• петок, 27 декември 2024

Приведени лица што предизвикале пожар во Скопско

Приведени лица што предизвикале пожар во Скопско

Скопје, 4 септември 2024 (МИА) - Во скопското село Кучково вчера во 16.00 часот униформирани полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, затоа што предизвикале пожар откако претходно користеле пиротехнички средства.

Од МВР денеска соопштија дека нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. цр/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан