• четврток, 26 декември 2024

Приведени лица од кочанско за незаконит лов

Приведени лица од кочанско за незаконит лов
Скопје, 27 септември 2021 (МИА) - Полициски службеници вчера привеле неколку лица од Кочани за сторење кривично дело „незаконит лов“, соопшти Министерството за внатрешни работи. - Вчера, по преземени мерки и добиени оперативни сознанија, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Д.Ј.(35) од с.Чешиново и А.М.(18) од с.Облешево, општина Чешиново – Облешево, поради постоење основи на сомнение дека во атарот на с.Спанчево сториле кривично дело „незаконит лов“. Во врска со случајот повикан бил А.Ј.(57) од с.Чешиново. Кај А.Ј. и Д.Ј. биле пронајдени и времено одземени три ловечки пушки, наведуваат од МВР. Посочуваат дека за овој настан е запознаен Јавен обвинител и по целосно комплетирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.фф/са/

Остани поврзан