• четврток, 29 август 2024

Приведени крадци во Струмичко

Приведени крадци во Струмичко

Скопје, 6 јануари 2023 (МИА) – Полициски службеници од Полициското одделение Ново Село утрово во 05.40 часот во Ново Село, Струмичко, ги лишиле од слобода С.Џ.(26) од Струмица и С.Ш.(25) од Кочани.

Според МВР, тие се сомничат дека околу 02.50 часот од круг на правно лице од Ново Село одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. мч/нд/

Остани поврзан