• четврток, 26 декември 2024

Приведени дрвокрадци во Битола

Приведени дрвокрадци во Битола

Скопје, 7 септември 2023 ( МИА) - Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола вчера на магистралниот пат Ресен – Прилеп, на местото наречено „Тунелот", ги лишиле од слобода Е.Ј.(21) и А.А.(31), двајцата со престој во Битола.

Како што известуваат денеска од МВР, тие биле затекнати во возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Е.Ј.(21), а совозач бил А.А., а кое било натоварено со огревно дрво без жиг и испратница.

Лицата биле задржани во полициска станица, а дрвата биле предадени на шумска полиција за понатамошна постапка , а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. љм/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан