• среда, 25 декември 2024

Приведени девет бугарски државјани поради нарушување на јавниот ред и мир пред натпреварот Шкупи-Левски

Приведени девет бугарски државјани поради нарушување на јавниот ред и мир пред натпреварот Шкупи-Левски

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Приведени се девет бугарски навивачи поради нарушување на јавниот ред и мир пред натпреварот Шкупи-Левски што се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи. 

- На 27.07.2023 од страна на Единицата за брзо распоредување приведени се Г.Б, З.З., В.Д., Г.К., Б.А., В.Ј., И.К., Д.П.Д. и А.В.И., сите бугарски државјани, кои го нарушија јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеа службени дејства на стадионот „Тодор Проески“, непосредно пред почетокот натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Шкупи и Левски Софија, кој вечерва се игра во Скопје, се наведува во соопштението.

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. бак/

Фото: МИА

Остани поврзан