• петок, 20 декември 2024

Приведени две лица од село Неготино, општина Врапчиште, затворен угостителски објект

Приведени две лица од село Неготино, општина Врапчиште, затворен угостителски објект
Скопје, 5 јануари 2021 (МИА) - Полициски службеници од Полициското одделение Галате, во село Неготино, општина Врапчиште вечерва во 20.30 часот го лишиле од слобода М.Б.(30) од тоа село, сопственик на угостителски објект во селото, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија". Како што соопшти МВР, при извршена контрола во објектот, полициски службеници констатирале дека објектот работи, а во него имало околу 25 гости, спротивно на одлуката на Владата за работа на угостителските објекти. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок по. чл. 206 од Кривичниот законик. Од страна на Државен пазарен инспекторат Гостивар објектот бил затворен и запечатен со пломба, по што од страна на Б.Б.(37), од с.Неготино, брат на М.Б., пломбата била отстранета, по што и тој е лишен од слобода, стои во соопштението. рп/скс/

Остани поврзан