Приведени две лица за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
- Две лица се приведени, под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Скопје, 8 април 2025 (МИА) - Две лица се приведени под сомнение за кривични дела „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).
- Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание, велат од МВР.
Како што потенцираат, се постапува за целосно расчистување за настанот.
Дел од медиумите објавија дека е приведен директорот на Геријатриската болница „13 ноември“, Мухсин Арифи кој заедно со уште едно лице барале поткуп од 20.000 евра. бт/бак/
Фото: МИА Архива