• недела, 28 јули 2024

Приведени две лица во Скопје, кај нив пронајдено оружје

Приведени две лица во Скопје, кај нив пронајдено оружје

Скопје, 17 мај 2023 (МИА) - Полицски службеници од Единицата за интервентна полиција на ул.„Кичевска“, на подрачјето на Ѓорче Петров, синоќа околу 23:15 часот ги лишиле од слобода И.А.(35) и Б.С.(34), двајцата од Скопје.

- Откако полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А., во кое совозач бил Б.С., при извршен преглед во него  пронашле три парчиња огнено оружје, и тоа пиштоли „Застава М57“ со рамки со муниција, соопштија денеска од МВР.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и опасни материи, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против нив ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, по што ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка. цр/дма/

Фото: МИА архива

 

 
 

Остани поврзан