• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведени две лица во беровско поради нелегална сеча на букови стебла

Приведени две лица во беровско поради нелегална сеча на букови стебла
Скопје, 25 јули 2021 (МИА) - Во атар на Берово, на место викано „Шуманов Чукар“, денеска на пладне полицијата ги затекнала Д.В. и М.В. од село Ратево, беровско, при нелегална сеча на букови стебла.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, за настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. ар/

Остани поврзан