Приведени двајца млади скопјани поради „тешка кражба“
- Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот, се појаснува во соопштението.
Скопје, 20 април 2023 (МИА) - Полициската станица Центар расчисти кривично дело „тешка кражба“, сторено на 17 април во објект во изградба на улицата „Јосиф Јосифовски Свештарот“ во Скопје, при што биле одземени повеќе предмети.
Поради сомнение дека го извршиле делото, од слобода се лишени Д.Р. и Д.К., на возраст од 19 и 20 години, двајцата од Скопје, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот, се појаснува во соопштението.
Лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/сп/
ФОТО: Архива