• четврток, 19 декември 2024

Приведени двајца криминалци од Куманово за издржување затворски казни

Приведени двајца криминалци од Куманово за издржување затворски казни

Скопје, 4 март 2024 (МИА) - Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.С. (39) и М.И. (31), двајцата од Куманово.

Како што информираат од МВР, С.С. бил осуден на казна затвор од 10  години за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, а бил баран со централнa потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на две години и осум месеци од казната.

М.И., исто така, бил баран по централнa потерница врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна од шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“.  

Лицата биле спроведени во затворот К’шање за издржување на казните. сст/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан