• сабота, 23 ноември 2024

Приведени двајца државјани на Албанија за шверц на 90 килограми пастрмка

Приведени двајца државјани на Албанија за шверц на 90 килограми пастрмка
Скопје, 30 октомври 2022 (МИА) - Граничната полиција на преминот Стење, во соработка со Одделението за прекуграничен криминал Охрид, денеска приведе двајца државјани на Република Албанија за недозволена трговија на пастрмка. Е. Ш. (22) и М.А. (25) се обиделе да внесат 139 парчиња риба. -При контрола во патничко возило „нисан“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 139 парчиња охридска пастрмка со вкупна тежина околу 90 кг,  кои биле предмет на недозволена трговија од Република Албанија кон Република Северна Македонија, соопшти МВР. Двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. бк/

Остани поврзан