Приведени двајца дрвокрадци во Ресенско, следува соодветна пријава
- Во атар на ресенското село Болно, вчера во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода С.Д.(47) од Ресен и Т.Д.(45) од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „кражба” по член 235 од Кривичниот законик.
Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Во атар на ресенското село Болно, вчера во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода С.Д.(47) од Ресен и Т.Д.(45) од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „кражба” по член 235 од Кривичниот законик.
МВР денеска соопшти дека при контрола на трактор со приколка, кој го управувал С.Д., а сопатник бил Т.Д., биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувале никаква документација. Тракторот, дрвата и приколката биле одземени, а по целосно документирање на настанот против лицата ќе следува соодветна пријава. цр/са/
Фото: МИА архива